...
Храна

Рецепт за домашни чипс од компир – чекор по чекор подготовка

Исчистете ги компирите, измијте ги и излупете ги, а потоа исечкајте ги најтенко. Бидејќи парчињата се многу тенки, тие брзо ќе се пропржат и ќе добијат крцкава текстура. Исечканите парчиња оставете ги во длабока чинија со ладна вода, сол и по избор една кафена лажичка оцет, и оставете ги да стојат 15 минути.

Потоа, исушете ги компирите и ставете ги во врела маснотија. Брзо ќе се пропржат за неколку минути; благодарение на нивната тенка структура веднаш ги впива маснотиите.

Со цедилка изгребете ја маснотијата и ставете ги на хартиена салфетка да се оцедат од вишокот масло. Доколку сакате, посипете уште малку сол по вкус и сервирајте со омилените сосови, уживајте во маслениот вкус.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *